Бохо венчаница: Чиста романтика!


Бохо венчаница: Чиста романтика!

Бохо венчаниците се многу популарни кај девојките кои што имаат лежерен начин на облекување и живеење-удобност, лепршавост, романтика со боемски дух и уметничка инспирација.

Овој тип на фустан е минималистички како и екстравагантен, со деликатно здолниште и комплицирани ракави украсени со златни нитни и чипка.

Посебноста на овој тип на фустани, е во тоа што ја нагласуваат линијата на вашето тело, со неговиот уникатен изглед,а додека пак ракавите од чипка му даваат уникатност на целиот изглед.

Карактеристично е дека се држи до сирена моделот на венчаници кој е омилен кај невестите поради тоа што со него може да ги истакнат своите облини, но исто така е и романтична и женствена.