Инстаграм инспирација: Актуелни венчаници за 2019 година
Можеби точно знаете во каква венчаница сакате да се појавите пред олтарот и со тоа да го исполните вашиот девојачки сон. Но, треба да знаете дека треба да изгледате така како што ќе се чувствувате најудобно. Ако се двоумите и барате инспирација, трендовите оваа година предложуваат некои елегантни и смели модели. Погледнте во продолжение за што станува збор:
КАКО КРАЛИЦА
Ако сакате бајковита свадба, тогаш и венчаницата нека биде во тој стил.
Долг вел и фустан во стело, совршена комбинација која не изглегува од мода.
ОТКРИЕНИ РАМЕНА
Фустаните кои ги откриваат рамената, клучната коска и вратот се многу популарни за оваа сезона. Оваа венчаница е една од највпечатливите, совршено одговара со пуштена коса со благи локни.
РАСКОШНИ РАКАВИ И ГОЛ ГРБ
Оваа година кратките ракави треба да ги замените со долги и ракошни ракави прекриени со кристали и минимална чипка.
Со овој тип на венчаница можете да ставите гламурозен и впечатлив накит!