Како да ја прославите годишнината од вашиот брак
Паровите обично ја прославуваат годишнината од брак со подароци, одење на романтични вечери или пак мала забава со најблиските пријатели- ова всушност се прави за љубилејните години од вашиот брак(како што се првата година, петата, десетата и така натаму).
Прочитајте како да ја прославите годишнината на малку поразличен начин:
Напишете му на партнерот љубовно писмо
Ова е романтично и топло ќе ги пробудите повторно искрите во вашиот брак, напишете му зашто го сакате повеќе од почетокот, зошто он е изборот во вашиот живот и зошто токму со него го поминувате времето.
Направете “мапа” на вашите места
Нацртајте мапа од вашите омилени места, доколку не сте патувале многу заедно нека бидат тоа местата каде што сте се запознале, излегувале на состаноци и сте имале романтични моменти.
Карти за концерт, филмска премиера или пак спортски натпревар
Подарок за годишнина исто така може да бидат и влезници за некој настан на кој вашиот партнер обожува да оди, како за неговиот омилен фудбалски тим или пак неговиот омилен пејач.
Поклон купон
Ова е исто така еден креативен и уникатен подарок, кој ќе му се допадне на вашиот партнер, подарете му ваучер од неговата омилена продавница за облека омилената парфимерија, или пак за заеднично цртање.