Кои покани за венчавка ќе бидат во тренд оваа година?!
Во минатото не се обрнувало многу внимание околу поканите за венчавка, но денес тие се една од главните работи околу истата.
Ги има во различни бои, дезени, едноставно поканите наговестуваат со каква тема ќе биде вашата венчавка. Па затоа пратете го трендот и прочитајте кои покани се во мода оваа година!
ИЛУСТРАЦИИ
Поканите како илустрации не се нешто ново, но сепак се сеуште актуелни. Особено ќе им се допаднат на младите кои што ја сакаат уметноста и креативноста.
СЕЛФИ ПОКАНИ
Нема сомвенавање во тоа дека “Селфито” го полуде светот па затоа и не е чудно што модерните покани за венчавка може да содржат токму ваша фотографија.
МИНИМАЛИЗАМ
И оваа година експертите препорачуваат едноставни и елгантни покани украсени со цвеќе, чипка и траки.
ГЕОМЕТРИСКИ ОБЛИЦИ
Сепак најмодерни и најуникатни се геометриските покани кои дефинитивно ја освоија младината оваа година. Со ваков тип на покани дефинитивно ќе ги освоите сите гости!