Инстаграм инспирација: Актуелни венчаници за 2019 година


Инстаграм инспирација: Актуелни венчаници за 2019 година

Можеби точно знаете во каква венчаница сакате да се појавите пред олтарот и со тоа да го исполните вашиот девојачки сон. Но, треба да знаете дека треба да изгледате така како што ќе се  чувствувате најудобно. Ако се двоумите и барате инспирација, трендовите оваа година предложуваат некои елегантни и смели модели. Погледнте во продолжение за што станува збор:

КАКО КРАЛИЦА 

Ако сакате бајковита свадба, тогаш и венчаницата нека биде во тој стил.

Долг вел и фустан во стело, совршена комбинација која не изглегува од мода.

ОТКРИЕНИ РАМЕНА 

Фустаните кои ги откриваат рамената, клучната коска и вратот се многу популарни за оваа сезона. Оваа венчаница е една од највпечатливите, совршено одговара со пуштена коса со благи локни.

РАСКОШНИ РАКАВИ И ГОЛ ГРБ 

Оваа година кратките ракави треба да ги замените со долги и ракошни ракави прекриени со кристали и минимална чипка.

Со овој тип на венчаница можете да ставите гламурозен и впечатлив накит!