Популарни трендови за летни венчавки


Популарни трендови за летни венчавки

Сигурно сите имате предпоставки како сакате да изгледа вашата венчавка од соништата, но доколку сакате да ги пратите трендовите, еве неколку совети од експертите.

Декорација со кристали

Кристалите од секогаш биле во тренд, но ова лето највеќе доаѓаат до израз, како и на венчаниците така и во сите детали поврзани со венчавката.

Објавување на социјалните мрежи 

Објавувањето на фотографии и видеа од вашата свадба е тотален “аут” оваа сезона, младоженците и нивните прители е најдобро да ги исклучат своите телефони за време на венчавката, за загарантирана добра забава.

Изнајмување на деталите за венчавката

Поголемениот дел од младите го следат трендот на изнајмување, поточно ги изнајмуваат деталите за нивната венчавка, како што се цвеќиња, аксесоари, па дури и венчаниците.