Што треба секоја млада да знае за симболиката и правењето на бидермаерот!


Што треба секоја млада да знае за симболиката и правењето на бидермаерот!

Најубавиот букет цвеќе на твојата венчавка треба да биде тој во вашите раце-бидермаерот. Според верувањата тој представува штафета на среќата, кој понатаму ќе донесе среќа за идната невеста која ќе го фати на ритуалот. Симболиката на бидермаерот е всушност плодноста и среќата, прочитајте како да имате совршен букет цвеќе за вашата свадба!

ДВА БИДЕРМАЕРА Многу често, современните невести нарачуваат два бидермаери, едниот за самата свадба а, другиот за успомен.

БЕЛИ И ЦРВЕНИ РУЖИ Оваа сезона најпопуларни биермаери се оние со ружи, белите и црвените ружи се тотален хит оваа сезона.

ЛАЛЕ  Лалињата се совршено цвеќе за младите кои сакаат да биде едноставно, а истовремено и фенси. Најдобро кај овие цветови е тоа што ги има во многу бои.

ОРХИДЕИ  Орхидеите се исто така многу отмени цвеќиња и од нив може да се направи специфичен бидермаер за вашата свадба.

Бидермаерот треба да биде со непарен број на цветови,  цветовите во бидермаерот го симболизираат новиот живот, додека пак расцветаните цветови претставуваат напредок на брачната заедница, според некој верувања за вашиот букет  цвеќе  за да донесе среќа треба да се направи со непарен број на цветови.